Лука Модриќ намерува и во продолжението од кариерата да остане на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми. Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња има договор со „кралскиот“ тим до крајот на сезоната, но ќе чека можност за продолжување на соработката.
Триесетиседумгодишникот и неговото семејство уживаат во главниот град на Шпанија и немаат намера за преселба. Затоа Хрватот веќе одби и понуда од 60 милиони евра за преселба во Саудиска Арабија.
Модриќ кој во кариерата играше и за Динамо Загреб и Тотенхем пристигна во Реал Мадрид во 2012 година и беше еден од клучните играчи во деценискиот успех на шпанскиот гигант во кој освои се што можеше да се освои. Добрите настапи во 2019 година му ја донесоа и престижната награда „Златна топка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

