Лука Модриќ – од сиромашниот Велебит до светскиот врв

Сиромаштијата го напушти домот на семејтвото Модриќ. Херојот на приказната, Лука го покори светот.

Ова е кратката верзија на животот на Лука Модриќ. Долгата вели дека најдобриот во светот за 2018 година имал и подеми и падови во кариерата, а многу од нив не зависеле само од Лука и од неговиот талент.

Предводникот на хрватската фудбалска репрезентација потекнува од семејството од Модрич, далматинско село сместено на Велебит. Овој регион беше зафатен од виорот на војната на југословенските простори. По убиството на дедото Лука, чие име го носи славниот фудбалер, таткото Стипе го сели семејството во Задар. Таму тој почнува да работи како механичар за хрватската војска, живееле блиску до стадионот на Задар, па тој почнува синот Лука да го носи на фудбал.

Тогаш тргнува приказната за големата фудбалска кариера на Лука Модриќ. Една од клучните фигури за неговиот прогрес бил Томислав Башиќ, шефот на маладионската школа на Задар. По завршувањето на основното училиште, Башиќ го одвел Лука кај Здравко Мамиќ кој во тој период имал приватна агенција.

„Лука немаше штитници, татко му немаше пари. Но, му ги направи од штички. Ги сочував. На тој начин сакав да ја зачувам приканата за костобраните. Верував дека Лука ќе стане голем играч. Можеби мотивот го наоѓаше во сиромаштијата и проблемите со кои се соочуваше. Можеби тоа кај него роди мотив и желба за успех. Не знам дал тоа го тераше напред, но сигурен сум дека таквите ситуации имаа големо влијание на развојот на еден човек и во физичка и во ментална смисла“ – објаснува Башиќ кој уште раскажува дека неколку клубови меѓу кои и Хајдук не го препознале талентот на Модриќ, неверувајќи во него поради тоа што бил ситен.

Преминувањето од Задар во Динамо не одело лесно бидејќи имало струи кои се обидувале да го задржат во клубот кој според нив ќе профитирал при евентуалната продажба во поголема екипа. Сагата сепак завршила со заминување на Лука во Загреб каде со Динамо во 2000 година потпишал стипендиски договор.

Нов пресврт настанал во 2003 година кога Модриќ со уште двајца врсници бил испратен во Зрињски. Од таму оди на позајмица во Интер Запрешиќ, за потоа конечно да заигра за првиот тим на Динамо Загреб и за хрватската репрезентација.

Следува трансферот во Тотенхем во 2008 година, потоа Реал Мадрид, и се понатаму е историја…

 

 

Се вчитува...