Лука Модриќ, осми „пациент“ во „болницата Реал Мадрид“

Проблемите со повредени фудбалери на Карло Анчелоти од ден на ден се повеќе се зголемуваат, откако беше утврдено дека повредата на мускулот на Лука Модриќ не е наивна, па Хрватот ќе мора да го пропушти дуелот со Наполи во рамките од петтото коло од Лигата на Шампионите.

Повредата не е премногу сериозна и се очекува Модриќ да паузира најмногу десет дена од терените, но неиграњето против Наполи е сериозен проблем ако се знае дека средниот ред на „кралевите“ секако беше крајно истенчен.

Имено, Модриќ е осмиот првотимец на Реал кој нема да може да настапи против Наполи, приклучувајќи се на долгата листа на која се наоѓаат уште и: Куртоа, Милитао, Винисиус, Камавинга, Чуамени, Кепа и Арда.

На „кралевите“ им е доволен и бод на утрешниот дуел за да го осигураат првото место во групата, но нема сомнеж дека Анчелоти ќе го очекува Модриќ што поскоро назад во тимот, за предизвиците кои ќе следат во шпанската Ла Лига каде Реал Мадрид го очекува тешка борба за титулата.

Се вчитува...