Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Капитенот на оваа генерација хрватски фудбалери и еден од најдобрите играчи за врска во историјата по мечот за третото место откри кои се неговите планови околу иднината во репрезентацијата на Хрватска.
„Планот беше да се игра финалето на Лигата на нации. Кога веќе сме стигнале до крајот, би било бесмислено да не го завршиме, па потоа ќе видиме што понатаму“, изјави накратко Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА