Лука Модриќ: Ова е повеќе од остварување на детскиот сон

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е освојувач на „Златната топка“ за 2018 година. Тој доминантно го освои првото место во изборот на „Франс Фудбал“, пред Кристијано Роналдо и Антоан Гризман. Како и на фудбалскиот терен, тој несебично ја подели оваа индивидуална награда со соиграчите од „кралскиот клуб“ и со колегите од националниот тим.

„Почестен сум. Ова е повеќе од остварување на детскиот сон. Ова е награда на сите мои соиграчи, сите мои тренери, на селекторот Далиќ, на Реал Мадрид, на цела Хрватска. Како дете сакав да играм во голем клуб и да ја освојам „Златната топка“. Сега тоа ми успеа, и ми е нестварно. Се уште се обидувам да сфатам дека станав дел од неверојатната група фудбалери кои ја освоиле оваа награда. Благодарам до семејството за поддршката и сите кои имаат и најмал удел во мојата фудбалска кариера“, изјави Лука Модриќ на церемонијата во Париз.

Пригодни зборови за хрватскиот фудбалер искажаа и претседателката на државата, Колинда Грабар – Китаровиќ, членовите на неговото семејство, како и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Се вчитува...