Лука Модриќ се враќа „на старо“ во Милан

Лука Модриќ по 13 години поминати во Реал Мадрид, одиграни 597 натпревари и освоени рекордни 28 трофеи како легенда замина од главниот град на Шпанија.

Неговата следна дестинација ќе биде Милан каде се очекува во текот на утрешниот ден да ги помине медицинските прегледи и официјално да биде претставен како нов „росонер“ со едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен и за дополнителна сезона.

Италијанските медиуми веќе открија и кој број ќе стои на грбот на Хрватот во сезоната 2025/26. За разлика од минатото кога тој го носеше дресот со број „10“, овој пат ќе му припадне дресот со број „14“ кој беше претпознатлив во настапите за Тотенхем, како и за хрватскта репрезентација од 2005 до 2009 година.

Се вчитува...