Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ, реши да стане сопственик на познатата пивара „Цепелин“ во Бјеловар.
Пиварата „Цепелин Крафт“ е позната по производството на непастеризирани и нефилтрирани пива со врвен квалитет кои редовно добиваат оценки за најдобар квалитет и се барани низ Хрватска.
Ова партнерство претставува нов чекор во ѕвездената кариера на 39-годишниот фудбалер, кој со хрватската репрезентација освои сребро на Светското првенство во 2018 година и бронза на СП 2022 година. Модриќ е познат како еден од најуспешните и најпочитуваните играчи од средниот ред во историјата на фудбалот, а сега го проширува својот бренд и надвор од спортските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА