Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс забележаа нов пораз сезонава во НБА лигата откако синоќа загубија на гостување кај Сакраменто кингс со 124-112.
Залудна за езерџиите беше и одличната партија на Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 40 поени. Кај победникот Демар Дероузен постигна 32 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Јута 112-123, Индијана – Бостон 98-96, Торонто – Филаделфија 102-115, Далас – Бруклин 113-105 и ЛА Клиперс – Шарлот 117-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

