Лука не заборава: Дончиќ им спакува 47 поени на Французите и им се одмазди за поразот на ЛОИ

Неверојатниот Лука Дончиќ одигра нова партија за аналите на Евробаскет. Тој во победата на неговата Словенија над Франција од 82-88 постигна неверојатни 47 поени. Словенците очајно го отворија натпреварот и Французите брзо поведоа со 9-1. Сепак, на крилата на неверојатниот Дончиќ кој постигна 27 поени Словенците се вратија и на пауза заминаа со позитива од плус четири (40-44).

Во третиот период Франција повторно заигра многу подобро и по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше (64-64). Словенија прва се одлепи во последниот период, но Французите со мала помош на судиите успеаја на три минути до крај повторно да се вратат на минус еден (79-80). Сепак, неверојатната игра во одбраната го доби мечот за Словенија кои на крајот стигнаа до конечен триумф од 82-88.

Словенија групната фаза ја заврши на првата позиција во групата Б, додека Франција ќе биде третопласирана бидејќи Германија што и да направи во мечот со Унгарија ќе ја заземе втората позиција.

 

 

Се вчитува...