Лука Савичевиќ: Иако сме млади ќе дадеме се од себе за четири победи против Романија и против Унгарија

Обврските „преку барата“ не му дозволија многу порано да дојде до статус на сениорски репрезентативец, но, ова лето еден од најголемите македонски кошаркарски таленти, Лука Савичевиќ му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски, за втората претквалификациска фаза за пласман на Мундобаскетот во 2027 година.

Кои се неговите очекувања за она што е следно на редот, четирите дуели од групата, по два против Унгарија и Романија.

„Речиси сите меѓу нас, се познаваме доста добро, долги години сме заедно. И мислам дека, вака, како помлади, сите треба да дадеме се од себе,  да ја покажеме желбата, и борба за Македонија, ќе видиме што ќе направиме. Мислам дека оваа репрезентација има голем потенцијал, еве има и промена на генерации, нови тренери. Мислам дека добро ќе се вклопиме во системот на селекторот, па ќе видиме ќе покажат резултатите“.

Околу силината на противниците…

„Се уште ја немаме анализирано играта на противниците. Но, знаеме дека се работи за доста квалитетни селекции, особено Унгарија. Но, реков, ќе дадеме се од себе, и се надеваме на победи, на четири победи“ – доста оптимистички делува младиот бек пред она што следува во текот на август – претквалификациите и дуелите со Унгарија и со Романија“ – вели Лука Савичевиќ.

Се вчитува...