Лука Станковски на радарот на Макаби Тел Авив и шпански второлигаш!

Македонскиот репрезентативец Лука Станковски е во фокусот на вниманието на српската фудбалска јавност по одличните изданија за Раднички оваа сезона.

Сето тоа веќе носи интерес и голем број европски екипи за услугите на Станковски кој, според последните информации, е цел на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив.

Како што пренесува српски „Моцарт“, вечерва во Белград на дуелот меѓу Партизан и Раднички од Суперлигата на Србија, Станковски ќе биде следен од скаути на Макаби Тел Авив, но и клуб од Втората лига на Шпанија.

Добро е познато дека во зимскиот преоден рок заинтересиран за неговите услуги беше и белградски Партизан, како и ТСЦ Бачка Топола, но немаше конкретни понуди, со оглед и на информациите дека за неговите услуги се бара минимална сума од 500.000 евра.

22-годишниот Станковски официјално е сè уште играч на турски Газијантеп откако дојде во Крагуевац како позајмен играч, но се поизвесно е дека Раднички ќе го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Откако пристигна во Раднички македонскиот репрезентативец одигра 26 натпревари и постигна три гола.

Се вчитува...