Лука Станковски се повеќе препознатлив во Газиантеп: Мајсторски креирана шанса за својот тим (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Лука Станковски добива полна доверба на тренерот на Газиантеп, Ердал Ѓунеш на стартот од новата сезона во турската Суперлига.

20-годишнот младински репрезентативец беше стартер на дуелот против Сиваспор оставајќи навистина квалитетен впечаток низ првото полувреме на кое настапи на дуелот.

Станковски доби шанса и во двете почетни кола во дресот на Газиантеп во новата сезона, вчера креирајќи и на мајсторски начин извонредна шанса за својот тим која не ја искористи Србинот Лазар Марковиќ.

  • Акцијата на Лука Станковски и креираната 100% шанса за својот тим на временскиот исечон – 2:05…

Се вчитува...