Лука Станковски си заминува од Газиантеп!?

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски е пред заминување од редовите на Газиантеп, пренесуваат турските медиуми.

Станковски кој на почетокот од годинава потпиша договор со Турците до јуни 2026, е незадоволен од малата минутажа во тимот поради што размислува за напуштање на Газиантеп.

„Трпението на Македонецот Станковски е при крај. Според информациите од клубот се очекува да бидат активирани разговори за заминување, поради тоа што не добива никаква шанса и стагнира во кариерата“ – пренесуваат турските медиуми.

Станковски сезонава има само три настапи во Суперлигата на Турција и вкупно 13 одиграни минути.

Се вчитува...