Лука Станковски со нов гол за Раднички Крагујевац (видео)

Лука Станковски вечерва го прослави својот втор гол во дресот на Раднички Крагујевац, откако поранешниот младински репрезентативец на Македонија стрелаше прецизно на самиот почеток од гостувањето против ТСЦ.

Раднички важеше за аутсајдер на овој меч, но текот се промени токму по погодокот на Македонецот, кој се бореше до крај по една слаба реакција на домашните дефанзивци, стигна прв до топката и ја смести во мрежата.

Погодокот на Лука Станковски за водство од 0-1 можете да го погледнете на почетокот од видеото со сите најинтересни моменти од натпреварот одигран во Бачка Топола.

Се вчитува...