Лука Трајкоски е нов играч на Детонит Плачковица

На една недела пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, второлигашот Детонит Плачковица го официјализираше Лука Трајкоски, фудбалер кој игра по левата страна и доаѓа од Вардар. Прилепчанецот претходно настапуваше за Победа, Борец, Тиквеш и Македонија ЃП.

Претходно зимава Детонит Плачковица ги ангажираше Ивановски и Георгиевски.

Детонит Плачковица утре го игра последниот пријателски натпревар пред стартот на вториот дел на шампионатот, а ривал му е Силекс.

 

Се вчитува...