Лука трка во Силверстоун – Бецеки победник, Квартараро супер-малер

Марко Бецеки е изненадувачки победник на трката за ГН на Велика Британија што се возеше на патеката Силверстоун во рмаките од Мото ГП шампионатот, откако италијанскиот возач ги остави зад себе конкурентите за највисок пласман.

Тој максимално го искористи големиот проблем на големиот малер Фабио Квартараро, кој делуваше сигурно на патот до победата, но откажувањето на моторот придонесе тој да не ја заврши оваа трка. Бецеки во тие моменти излезе на чело на колоната и не дозволи победата во ниту еден момент да му биде доведена во прашање.

Јохан Зорко беше презадоволен од освоеното второ место, станувајќи прв возач на Хонда по пауза од четири години што стигнал до два подиума во низа во Мото ГП шампионатот.

Најдраматична беше борбата за третото место, во последниот круг Марк Маркез и Морбидели во неколку ситуација се надмудруваа и претркуваа, за на крајот Маркез да излезе како победник, стигнувајќи до третата позиција милиметри пред големиот ривал.

Се вчитува...