Ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ го има најубавиот гол за 2017 во Лигата на шампионите, според изборот што го направи Европската ракометна федерација.
ЕХФ ги објави најдобрите 30 гола постигнати во 2017 година во натпреварите од ЛШ, а на врвот на листата е победничкиот погодок на Циндриќ против Барселона во полуфиналето на Ф4 во Келн што на Вардар му донесе историски пласман во финалето на ЛШ.
Во изборот на најдобрите голови што ја одбележаа 2017 во ЛШ, се најдоа и погодоци на Алекс Душебаев, Тимур Дибиров и голот на Иван Чупиќ во финалето против ПСЖ. А во избраните голови е и „летечкиот погодок“ на Дејан Манасков за Веспрем.
Good morning everyone! Here there are the most amazing goals that were scored in the VELUX EHF Champions League during 2017.Enjoy this top 30 goals selection with some incredible shots. ?? #veluxehfcl pic.twitter.com/98acgd0uB7
— EHF Champions League (@ehfcl) December 12, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА