Поранешниот вардарец Лука Циндриќ ќе биде во составот на Кјелце и подготвен е за настап на денешниот дуел против Вардар во Лигата на шампионите. Според најавите во полските медиуми, настапот на хрватскиот бек до последен момент беше неизвесен поради мускулна повреда.
Циндиќ вчера имаше терапија во Скопје кај познатиот македонски кинезиолог Димитар Андреев и подготвен е за денешниот натпревар. Андреев потврди дека е саниран проблемот што го имаше бекот на Кјелце и тој денеска ќе може да игра.
„Циндриќ влече некои стари повреди, но главниот проблем му беше препоната и мускулите на задниот дел. Ние сме постојано во контакт и вчера беше кај мене на терапија, сега проблемот е решен и тој може да игра без тешкотии“ – ни потврди Димитар Андреев.
Натпреварот меѓу Вардар и Кјелце е денеска со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ и е исклучително важен и за двата тима во борбата за второто место на табелата во Групата А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА