Лукајиќ: Гаѓаа со стаклено шише, можеа да убијат некого

Стратегот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, беше преразочаран од случувањата на македонското дерби, особено поради фактот дека за малку ќе бил погоден од стаклено шише кое долетало од трибините.

„Не очекував дека може вака да се прекине дерби. Сум бил дел од многу дерби средби, меѓу Црвена звезда и Партизан, на финалињата на Хемофарм и сигурно секогаш имало проблеми, но се празнела салата и средбите продолжувале. Можам да разберам страст, но некој да те гаѓа со стаклено шише да те убие. Па ние не сме непријатели, ние сме спортски пријатели. Можеби сме ривали, но сме спортски пријатели. Убаво е некој на навива за Работнички, некој за МЗТ, но не го разбирам нивото на омраза да убиете некого. Да мразите некого зошто игра за овој или за оној клуб, а сите заедно имаат над 500 настапи за оваа репрезентација. Не ги оправдувам навивачите, ни нашите ни нивните, овие играчи на теренот имаат мајки, деца, семејства… ова треба да биде меч за да ги натераме децата да се вљубат во овој спорт, а не да спасуваме живи глави“ – искрено разочаран беше Лукајиќ.

Се вчитува...