МЗТ Скопје речиси цел месец бара нов плејмејкер по раскинот на договорот со Павличевиќ, а како што стојат работите оваа потрага ќе заврши во следните 48 часа, со потпис на нов организатор на играта што ќе пристигне од САД. Станува збор за Џордон Крафорд, 27-годишен плејмејкер со кого начелно се договорени условите за соработка и кој во следните денови би требало да пристигне во главниот град.
Крафорд во својата кариера има настапувано за неколку екипи од развојната лига од НБА, а трансферот во МЗТ Скопје ќе биде негово прво искуство во Европа.
Јасно е дека доаѓањето на овој кошаркар ќе биде голем „плус“ за тренерот Лукајиќ, кој на последните неколку натпревари го имаше единствено Хрватот Мавра на плејмејкерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА