Стратегот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, ја посочи слабата игра во одбраната како главен фактор за поразот на дербито со Работнички (100-84). Српскиот стручњак е оптимист дека „металците“ имаат шанси за одбрана на титулата, но најважно за него ќе биде пред се да престанат малерите со повредите што го следат МЗТ цела сезона.
„Сигурно дека имаме проблем во одбраната кога примивме 100 поени за еден натпревар. Ова денешно продолжение беше атипично за нас, имавме проблем и бидејќи Јуре Лалиќ вчера се повреди и денеска не можеше да настапи, но знам дека тоа не е никакво оправдување. Добро е што имаме доволно време за да поработиме, да ги отстраниме грешките и да се подготвиме за битката за титулата. Јас пред се сакам да не служи здравје, да немаме проблеми со повреди како што тоа беше случај досега и комплетни и максимално подготвени да влеземе во последните два месеци од сезоната“ – изјави Лукајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА