[two_third last=”no”]…[/two_third]
Шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ, не го криеше разочарувањето по очајното издание на својот тим и заслужениот пораз од Партизан. Во ситуација кога беа примени 69 поени за само едно полувреме, нормално е што Лукајиќ проблемот го лоцираше во очајната одбрана на својот тим.
„Првото полувреме го одигравме катастрофално, Партизан добро трчаше и имаше позитивна енергија, за разлика од нас. Не ме загрижува што загубивме од силен тим како Партизан, туку фактот дека за седум дена овде видов дека ме очекува многу работа. Морам да ги научам моите кошаркари како се игра одбрана. Времето е пред нас, ни недостигааат тренинзи, а ако треба да издвојам нешто позитивно, тоа е потенцијалот што го покажува Минчев. Мораме да извлечеме поука од ова, се надевам дека против некои тимови со сличен квалитет на нашиот ќе прикажеме многу подобра игра“ – изјави Лукајиќ на прес-конференцијата во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА