Тренерот на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ истакна дека за него е најважно што неговата екипа оствари победа и при тоа славеше со убедлив резултат (115-68).
„Купот е чудо. Овие натпреварувања секогаш носат изненадувања, сите сме сведоци на вчерашните случувања со Фенербахче, Звезда, Макаби… Затоа за мене е најважно дека победивме, и тоа со висока разлика. Важно е дека одиме во следната фаза. Сега имаме малку време за одмор, моите играчи мора да ги насочат мислите кон утрешната средба со Блокотехна“, вели Лукајиќ.
Предводникот на „металци“ верува дека неговиот состав има реални шанси за победа доколку најде решение за главното оружје на Блокотехна.
„Блокотехна е неверојатен тим. Добро се воиграни, но сметам дека имаме реални шанси за триумф доколку успееме да ги спречиме во играта „два на два““, додаде српскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА