Ромелу Лукаку е неверојатниот трагичар на Белгија на Светското првенство. Корпулентниот напаѓач промаши четири сто отстотни шанси на мечот против Хрватска и стана експресно стана играчот со најмногу промашени обиди на Мундијалот во Катар.
Видно бесен од катастрофалниот натпревар Лукаку бесот го истури без клупата за резерви каде со бокс ја скрши страничната заштита, а на социјаните мрежи веднаш му фатија сеир со интересни написи дека конечно ја „затресол“ целта.
At least Lukaku finally hit the target.pic.twitter.com/EtPYsPWLOE
— Cantona’s Collar 🔰 (@CantonasCoIIar) December 1, 2022
Емотивниот Лукаку потоа се најде во прегратките на легендарниот Тјери Анри кој проба да го утеши во тешките моменти.
Romelu Lukaku, in tears, being consoled by #BEL assistant manager Thierry Henry at full-time 😢 #FIFAWorldCup #TSWorldCup pic.twitter.com/Zbftt7PXZB
— talkSPORT (@talkSPORT) December 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА