Манчестер јунајтед се врати на второто место на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ по голема битка славеа на дерби дуелот против Челси со 2-1. Во главна улога беше Ромелу Лукаку, кој со еден гол и една асистенција го „закопа“ својот поранешен клуб, со што Челси отпадна од „Топ 4“ на табелата.
Челси го отвори мечот со стопроцентна шанса, но обидот на Мората заврши само во гредата. Шанса да го отворат резултатот имаа и домаќините, но Алексис Санчез биеше премногу слабо, не успевајќи да го совлада Куртоа. Челси беше тимот што прв дојде во водство, Вилијан извлече контранапад од сопствената половина, го проигра Азар и потоа ја доби топката назад од Белгиецот, па со силен удар го совлада Де Хеа. Јунајтед успеа да израмни пред крајот на полувремето преку Лукаку, откао Белгиецот го матираше својот сонародник на голот на Челси, постигнувајќи го својот прв гол на дерби натпреварите во дресот на Манчестер јунајтед.
Второто полувреме донесе голема битка, а клучни беа замените, Мурињо погоди со внесувањето на Лингард, додека Конте ја утна работата со замената на Азар. Неколку минути откако асот на Челси го напушти теренот „ѓаволите“ го постигнаа победничкиот гол, Лукаку центрираше во шеснаесетникт, а Лингард се најде на вистинско место и со прецизен удар со глава донесе огромна радост меѓу домашните фанови на „Олд трафорд“.
Манчестер јунајтед со овој триумф има 59 бода, два повеќе од третопласираниот Ливерпул, додека Челси падна на петтата позиција со 53 бода на своето салдо.
Willian goal, Hazard assist.
Beautiful football. pic.twitter.com/5XPQv5bOFf— ᴱᴰᴱᴺ (@DareToEden) February 25, 2018
Goal: Lukaku finishes off a lovely move #Mufc #munche
— Totally Man Utd™ (@Totally_MUFC) February 25, 2018
Lingard goalpic.twitter.com/yNBMIlbnms
— Takagi (@gaecolas_cage) February 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА