Напаѓачот Ромелу Лукаку ова лето успеа повторно да се врати во редовите на Интер, по само една година откако направи трансфер од 113 милиони евра во Челси. Белгиецот не успеа да се наметне во Премиер лигата, па брзо реагираше за да ја спаси својата кариера.
Иако засега е на позајмица во редовите на „нераѕурите“ не делува дека голгетерот некогаш повторно ќе заигра за Челси.
„Најголемиот предизвик во мојата кариера ќе биде сезонава. Заминав и тоа беше голема грешка. Минатата сезона во Англија ми стана јасно само колку е важен Интер во светот. Профилот на клубот се подобрува на интернационално ниво, пристапот кон социјалните мрежи е исто така важен и можете да видите како се однесуваме во соблекувалната, на тренинзите, нашите прегратки и шеги. Милано е прекрасен град и затоа го задржав стариот стан пред да заминам за Лондон, бидејќи мојата мајка постојано доаѓаше и јас сакав да се вратам“, додаде Белгиецот.
Лукаку воедно потенцираше дека семејната атмосфера што ја има Интер е нешто што го нема во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА