Ромелу Лукаку одигра извонредна сезона во која го предводеше Интер до скудетото во Калчо-лигата, а белгискиот џин сега е меѓу главните адути на својата репрезентација на ЕВРО 2020.
Одличниот напаѓач на прес-конференцијата пред утрешното осминафинале со Португалија обелодени дека голема помош за психолошката подготовка за натпреварите неочекувано нашол во документарецот „Последниот танц“ што беше објавен за Мајкл Џордан.
„Го гледав „Последниот танц“, документарецот за Мајкл Џордан. Можам да кажам дека многу ми помогна, бидејќи увидов како него критиките го мотивирале, да работи уште повеќе и да биде уште подобар. Јас низ кариерата многу често бев критикуван, сега благодарение на она што го видов од Џордан знам кко треба со „хејтерите“. Задоволен сум од моментната форма, ова е нивото на кое сакам да играме“, истакна Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА