Лукаку дополнително ги збесна навивачите на Интер

Ромело Лукаку е пред трансфер во Јувентус. Белгиецот наводно ги договорил сите услови за трансфер во Торино, а како дел од неговиот премин во Јуве, треба да биде вклучен и Душан Влаховиќ.

Навивачите на Интер се веќе бесни на голгетерот, со оглед дека цело време истакнуваше дека сака да остане во Интер, и беше во преговори, но Јувентус понуди подобри услови и тој ќе оди во Торино. Меѓутоа фановите уште повеќе ќе бидат лути ако е вистина тоа што се појавува низ медиумите во последните денови.

Наводно Лукаку стапил во преговори со Јувентус уште пред финалето во Лигата на шампионите минатата сезона. Ова го открил човек од Јувентус, кој признал дека двете страни преговарале уште пред важниот натпревар.

Лукаку инаку не е добродојден ниту во Торино. Неодамна навивачи на Јувентус протестираа пред стадионот наводно поради стара изјава на играчот кој кажал дека никогаш не би заиграл во Јувентус.

Се вчитува...