Лукаку: Еден ден ќе се вратам во Интер, таму ми е срцето

Ромелу Лукаку оваа сезона направи сензационален трансфер од Интер во Челси вреден 115 милиони евра кој воедно значеше и „враќање дома“, но белгискиот голгетер во ниеден момент не заборави на „нероаѕурите“ во чиј дрес ја одигра својата најдобра сезона во кариерата.

Лукаку не крие дека има симпатии кон Интер, а така беше и овој пат кога говорејќи за медиумите изјави дека срцето му припаѓа во Милано, а посакува еден ден повторно да го облече „сино-црниот“ дрес.

„Сега е вистинско време да ги споделам моите чувства. Отсекогаш сум велел дека Интер ми е во срцето и знам дека еден ден ќе се вратам во Интер. Се надевам на тоа. Заљубен сум во Италија и мислам дека ова е вистинскиот момент да ја кажам вистината. Се што се случи претходното лето не требаше да се случи така. Начинот на кој го напуштив Интер, начинот на кој комуницирав со фановите… Ме мачи тоа бидејќи не беше време за такво нешто. Од дното на срцето се надевам дека ќе вратам во Интер и тоа не на крајот на кариерата туку кога ќе бидам на врвно ниво за да освоиме нови титули заедно. Никогаш нема да заборавам што направија навивачите за мене“, изјави Белгиецот кој потоа се осврна и кон Челси

„Физички сум добар, но не сум среќен со ситуацијата во Челси. Тухел одбра да игра со друг систем, но јас нема да се предадам. Ќе бидам професионален. Не сум задоволен, но сум професионален“

Се вчитува...