Лукаку го одведе Челси во финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Европскиот шампион Челси е вториот финалист на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето славеше над азискиот шампион Ал Хилал со 1-0. „Сините од Лондон“ доминираа во првото полувреме, но никако не можеа да го начнат голот на Ал Хилал. Сепак, Ромелу Лукаку успеа да стрела во 32. минута што на крајот се покажа како гол со кој обезбедија финале.

Во вториот дел Ал-Хилал заигра подобро, но немаше шанса да го изненади големиот фаворит кој го исконтролира мечот и на крајот се пласираше во финалето на Светскиот клупски шампионат.

За титулата светски клупски шампион тимот од Лондон ќе игра против освојувачот на Копа Либертадорес, Палмеирас кој вчера во првото полуфинале беше подобар од африканскиот шампион Ал-Ахли со 2-0. Финалниот меч на програмата е во на 12. февруари во сабота, а истиот ден ќе се одигра и мечот за третото место во кое ќе се сретан Ал-Хилал и Ал-Ахли.

Се вчитува...