Наполи славешше на пријателскиот натпревар со Олимпијакос, но тој триумф беше скапо платен поради повредата што ја заработи Ромелу Лукаку.
Белгискиот џин настрада при еден дуел со грчките дефанзивци, остана да лежи на теренот и веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен. Првите прогнози велат дека станува збор за повреда на мускулот на ногата, а во Наполи се свесни дека тој сигурно ќе ги пропушти првите две средби од новата сезона против Сасуоло и Калјари.
Најавуваната пауза изнесува околу два месеци, што ќе значи дека Лукаку можно е да не настапи ниту за Белгија на квалификацискиот дуел против Македонија. „Џинот“ е главен адут во нападот на Белгијците.
Италијанските медиуми најавуваат дека повредата на Лукаку го компликува и камбекот на Елмас во Наполи, бидејќи ако проблемот е сериозен „наполитанците“ ќе мора да тргнат по нов класичен напаѓач наместо да го вратат „дијамантот“ назад во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

