Лукаку го среди Удинезе, Несторовски не доби шанса

Интер стави крај на серијата од три ремија и им се врати на победите во Серија А. Тимот на Антонио Конте го совлада Удинезе на гости со 0-2, со двата гола на Ромелу Лукаку. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап.

Белгиецот го отвори резултатот во 64.минута, а седум минути подоцна погоди и од пенал. Претходно Алексис Санчез беше фаулиран во шеснаесетникот од голманот на Удинезе, Хуан Мусо.

Интер се врати на второто место и има три бода негатива во однос на лидерот Јувентус.

Се вчитува...