Фудбалерите на Рома во крајно интересен натпревар со пресврт во финишот успеаја да слават над Кремонезе на домашен терен со 2-1 и да се пласираат во четвртфиналето на Копа Италија.
Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Цаџу во 37. минута. Избраниците на Жозе Мурињо успеаја да се спасат од нов срам откако Ромелу Лукаку во 77. минута израмни на 1-1. Целосен пресврт и триумф на „римската волчица“ донесе Дибала од пенал во 85. минута.
Roma [2]-1 Cremonese – Paulo Dybala penalty 85′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА