Манчестер јунајтед славеше на „Олд трафорд“ нов триумф во Премиер – лигата, совладувајќи го Свонси со 2-0. Сега „црвените ѓаволи“ имаат 68 бода на табелата и се наоѓаат на втората позиција, со 13 бода негатива во однос на градскиот ривал Сити. Ромелу Лукаку во петтата минута го отвори резултатот во корист на составот на Жозе Мурињо и на свои 24 години стигна до голем јубилеј, 100 гола во Премиер – лигата. По него, и Алексис Санчез во 20. минута ја затресе противничката мрежа, а Свонси немаше сили за да возврати.
Лестер го совлада Брајтон на гости со 0-2. Стрелец на првиот гол беше Ибора во 83.минута, а само шест минути претходно, Мареј не успеа да реализира пенал за Брајтон. Во последните моменти од мечот, Џејми Варди уште еднаш ја затресе мрежата.
Њукасл со голот на Ајозе Перез во 80.минута дојде до важен триумф против Хадерсфилд.
Резултати Англија: Брајтон – Лестер 0-2, Манчестер јунајтед – Свонси 2-0, Њукасл – Хадерсфилд 1-0, Ватфорд – Бурнемаут 2-2, ВБА – Барнли 1-2. Вест Хем – Саутемптон 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА