Фудбалерот на Рома, Ромелу Лукаку блесна по убедливиот триумф над Брајтон во осминафиналето на Лига Европа. Запрашан за долгорочните планови во кариерата и можното враќање во Челси, позајмениот играч од „сините“ реагираше „тактички“ – со оглед на тоа што минатата сезона ситуацијата ескалира веднаш по интервјуто во кое тој рече дека е верен на Интер.
Белгискиот напаѓач дојде во Рома на едногодишна позајмица летото по неуспешните преговори со Интер и Јувентус. Ромелу блеска во италијанската престолнина каде на 35 натпревари во сите натпреварувања постигна 18 гола забележа четири асистенции.
„Штом пристигнав видов колку навивачите ја сакаат Рома. Како треба да се однесувам ми кажа сонародникот Раџа Наинголан, а јас уште од стартот „кликнав“ со соиграчите. На моето искуство во Рим големо влијание имаше поранешниот тренер на клубот Жозе Мурињо, а ми помага и Де Роси. Давам се од себе за Рома. Многумина не знаат во каква ситуација бев и и благодарам на Рома што веруваше во мене. Не сакам да предизвикувам контроверзии во Англија, морам да бидам мудар и да ги одберам вистинските зборови на оваа тема. Веќе знаете на што мислам… Ја научив лекцијата, молчењето е злато“, изјави Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА