„Лукаку ќе се прости од дресот на Белгија“

Хрватска со реми (0-0) ја испрати Белгија дома од Светското првенство во Катар. Трагичар за Белгијците беше Ромелу Лукаку кој промаши неколку стоотстотни шанси.

Неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата и играч на Антверпен, Раџа Наинголан, верува дека Лукаку би можел да се збогува од националниот тим.

„Мислам дека Лукаку наскоро ќе донесе одлука. Има 29 години, а по триесет веќе не е лесно да се опорави од повредите кои го следат. Во најмала рака не би ме изненадило ако се збогува. Секогаш се потпираше на неговите физички карактеристики, експлозивност. Ако не може да смета на тоа, тогаш повеќе не е вистинскиот Лукаку. Се сомневам дека може долго да игра за Белгија“, заклучи Наинголан. 

Се вчитува...