Лукаку мина добро, но Рома ќе биде „осакатена“ против Болоња

Ромелу Лукаку се спаси со само еден натпревар неиграње по црвениот картон што белгискиот голгетер го заработи во финишот од мечот против Фиорентина.

Голгетерот „поцрвене“ за брутален старт врз еден противнички фудбалер, но поради доброто досегашно „поведение“ доби минимална казна од само еден меч неиграње. Ова е одлична вест за Мурињо бидејќи Лукаку ќе го пропушти неделното гостување против Болоња, но затоа ќе биде подготвен за големото дерби со Наполи во наредната рунда.

Сепак, стратегот на Рома се соочува со огромни проблеми во пресрет на пресметката со „болоњезите“, тим со кој „волчицата“ моментно е на делба на четвртото место на табелата со по 25 освоени бода. Покрај Лукаку, во тимот ќе го нема ниту Жалевски, кој исто така поцрвене со Фиорентина. Згора на тоа, Дибала и Азмун се повредија на овој натпревар и дефинитивно нема да настапат во Болоња, што го остава Мурињо само со Белоти како опција во нападот и Ел Шарави како поддршка од крилните позиции.

Се вчитува...