Лукаку: Многу бев набилдан, затоа не можев да постигнам гол

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку конечно го прекина голгетерскиот пост и постигна погодок за Манчестер јунајтед. Тоа беше прв негов гол на „Олд Трафорд“ од март, со што ја прекина и негативната серија од 12 натпревари без да се запише во листата на стрелците. Објаснувањето е многу интересно, Лукаку не можел да реагира соодветно пред и во шеснаесетникот, затоа што премногу се набилдал.

„Среќен сум, морам да признам. Голгетерската криза заврши, и сега ми е многу полесно. И на теренот се чувствувам полесен, во изминатиот период имав многу проблеми. По настапот на Светското првенство во Русија, влегов во сала за кревање товар и, искрено, многу се набилдав. Тоа почна да ми создава големи проблеми. Го послушав Мурињо, одморивм, апстинирав од вежбање и сега повторно се чувствувам лесен на теренот. Се надевам дека ќе дојдат и головите, многу повеќе“, изјави Ромелу Лукаку.

Истата мака Белгиецот ја имал и во 2014 година, кога беше член на Евертон и имаше сличен голгетерски пост.

 

 

Се вчитува...