Во својата кариера, Ромелу Лукаку се чини дека направи многу потези кои ја одбележаа неговата кариера, но и некои потези кои беа тешки промашувања. Белгиецот со трансфер во Лондон се обиде да се наметне во Челси, но не успеа.
Со тој трансфер офанзивецот во целост ги разочара фановите на „нероаѕурите“, а сега откако се повторно се врати во Милано моли за прошка.
„Им благодарам на навивачите и се извинувам што ги оставив, сега морам да се докажам на теренот и да се надевам дека моите настапи ќе ја вратат љубовта што постоеше порано“, изјави Ромелу Лукаку за белгиски ‘DAZN’.
За потсетување, од 1 јули Лукаку повторно е член на Интер, но сега само како позајмен играч бидејќи за него немаше место во Челси, а Белгиецот исто така не беше задоволен од настапите на „Стемфорд Бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА