Лукаку: Напредував во Италија, сега е вистинско време за Челси

Ромелу Лукаку дојде во Челси по вторпат во кариерата. Овој пат лондонските „сини“ платија десет пати повеќе отколку кога го купија од Андерлехт пред една деценија.

Оттогаш, Лукаку играше за Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер, каде блескаше особено минатата сезона.

Лукаку дојде во Челси за уште еднаш да се докаже на сцената во Премиер лигата. Дополнителен мотив за неговото доаѓање е и фактот дека го обожава Челси од дете, а негов идол бил Дидие Дрогба.

„Работев напорно десет години. Во Италија, под водство на Антонио Конте, научив како да ја пробијам одбраната. Кога ја освоивме Серија А, ја видовте емоцијата на моето лице. Имав многу подеми и падови, дојдов во моите најдобри години и знаев што е потребно. Знам како да бидам лидер и што ми треба за да му помогнам на тимот. Направив технички напредок. Не сакав да играм со грб кон голот како порано, но кога го совладав овој проблем, станав подобар и дополнително им помогнав на моите соиграчи и им создадов шанси“, вели Лукаку, кој верува дека доаѓањето во Челси е вистинско верме.

Се вчитува...