Ромелу Лукаку и покрај финансиските проблеми на Интер сака да остане во клубот и во иднина. ‘Биг Ром’ кој пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2019 година во Милано нашол нешто што цени повеќе од пари – љубов на прв поглед и нема намера да ги промени клупските бои, пренесуваат италијанските медиуми.
За услугите на својот поранешен играч Челси е подготвен да плати астрономска сума од 130 милиони евра, а на Белгиецот да му понуди плата од 10 милиони евра по сезоната, но се чини дека овој мега-трансфер ќе остане само сон за „сините“.
Лукаку претходната сезона беше еден од клучните играчи за враќањето на титулата во редовите на „нероаѕурите“ со 24 гола и 10 асистенции во италијанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА