Лукаку: Не сакав да го навредам Челси, само сакав да се збогувам со навивачите на Интер

Ромелу Лукаку синоќа и јавно се извини за даденото интервју за „Скајспортс“ со кое предизвика лавина реакции во јавноста, а особено ги налути Челси и неговите навивачи.

Белгиецот имаше состанок со менаџерот Томас Тухел и со раководството на клубот, па фудбалерот беше вратен во составот. Тој ќе биде во комбинација за дуелот со Тотнхем во Лига Купот, откако беше суспендиран против Ливерпул минатиот викенд во Премиер-лигата.

„Мојата порака требаше да биде многу појасна … Интервјуто требаше да биде за да им кажам збогум на навивачите на Интер, а не да покажам непочитување кон навивачите на Челси, моите соиграчи, клубот и менаџерот. Тие сите направија голем напор да се вратам назад и јас самиот го сакав тоа. Бев човек на мисија откако си заминав од тука и целосно ја разбирам фрустрацијата на навивачите, но сега одговорноста е на мене да ја покажам својата посветеност 100 отсто“, истакна голгетерот.

Се вчитува...