Лукаку нема да игра за Јунајтед против Интер

Ромелу Лукаку ќе го пропушти и третиот последовен натпревар на Манчестер Јунајтед на претсезонската турнеја во Австралија и во Азија. Тој нема да биде дел од средбата против Интер закажана за в сабота во Сингапур. Менаџерот Оле Гунар Солскјер тврди дека тој и натаму се мачи со физичката подготвеност како и со „полумистериозната“ повреда.

Интер е клубот кој сака да го купи Лукаку, а и Белгиецот би сакал да си најде нов средина, каде ќе го покаже компелтниот капацитет, а имаат големи меѓусебни симпатии и со тренерот на Интер, Антонио Конте. Токму Конте инсистира на негово доаѓање во Италија.

Манчестер Јунајтед веќе одби една понуда од Интер за Лукаку. Премиерлигашот бара околу 90 милиони фунти, додека Интер нуди 75 милиони фунти.

Се вчитува...