Екипата на Милан е сериозно заинтересирана за Ромело Лукаку. Според италијанските медиуми, тимот е веќе во преговори со челниците на Челси за трансфер. Откако пропадна можноста Џошуа Цикрзе да дојде на „Сан Сиро“, сега челниците на „росонерите“ ја разгледуваат опцијата за белгискиот голгетер, кој минатата сезона ја мина како позајмен во Рома.
Италијанскиот клуб сака да го позајми Лукаку, но со право на откуп. Претходно се споменуваше цифра од 45 милиони евра, што е преголема за Белгиецот за кого има интерес и од Наполи.
Се случи ли овој трансфер, навивачите на Интер ќе бидат бесни, со оглед дека и натаму му го немаат простено минатото кога поради парите се врати во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА