Лукаку пак го „пецна“ Челси: Ако нешто форсираш на сила…

Ромелу Лукаку го постигна голот за победа на Челси во полуфиналето од клупскиот мундијал, но белгискиот „џин“ очигледно не е најсреќен играјќи за Томас Тухел во таборот на актуелниот европски првак.

Тој се соочува со опасност повторно да биде казнет, нецели два месеци по санкциите откако во интервју јавно го критикуваше Тухел, откако на социјалните мрежи напиша „Ако нешто форсираш на сила, тогаш најверојатно нема да биде како што треба“.

Иако конкретно не е наведено на што мисли Лукаку, тајмингот е очаен, помалку од 24 часа пред финалето на клупскиот мундијал со Палмеираш.

Белгиецот веќе е доволно критикуван поради неостварените очекувања по 100 милиони фунти вредниот трансфер од Интер, а со ваквиот однос само уште повеќе го навлекува бесот на управата, тренерот, соиграчите, како и на навивачите на лондонскиот клуб.

Како што минува сезоната, се поизвесно е дека Лукаку по само една година ќе биде продаден.

Се вчитува...