Рекордерот на белгиската репрезентација Ромелу Лукаку се присети на својот хорор настап против Хрватска на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Тоа беше еден од најлошите напаѓачки настапи во историјата, а нешто помалку од две години подоцна, Белгиецот се отвори за денот кој засекогаш му ја уништи репутацијата:
„Имавме три дена да се подготвиме за тој натпревар. Тоа беше мојот прв тренинг по тримесечна пауза. Знаев дека ќе бидам во првиот тим бидејќи му требав на тренерот. Игравме против Хрватска, беше 0-0 и реков: „Има надеж“. Влегов во игра и сите знаете дека промашив четири шута. Така одлучи Бог и немам проблем со тоа“, рече Лукаку и додаде:„Потоа кога ја удрив клупата, ми дојде целата фрустрација. Играм фудбал 23 години, и првпат такво нешто да ми се случи. Бев многу фрустриран, што дури го скршив прозорецот во соблекувалната. Никогаш не сум се чувствувал така“, рече Белгиецот.
Потоа заминал на одмор, но таму не си поминал добро.
„Отидов на одмор и една недела плачев секој ден. Бев многу скршен. Морам само да му се заблагодарам на Тиери Анри кој ми се јавуваше три пати на ден и ме прашуваше за мојата состојба. Од тој момент понатаму не гледав ниту еден натпревар на Светското првенство“, рече Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА