Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку се врати на тренинзите во Наполи и би можел да игра на италијанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, објави „Газета дело Спорт“.
Лукаку беше надвор од терените 124 дена откако скина бутен мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос на 14 август.
Италијанските медиуми објавуваат дека Белгиецот се вратил на тренинзите со тимот и дека би можел да биде во тимот за италијанскиот Суперкуп, кој се игра оваа недела во Саудиска Арабија. Лукаку пропушти 22 натпревари оваа сезона за Наполи во сите натпреварувања.
Тимот на Наполи ќе патува во Ријад попладне.
На 18 декември, во 20 часот, фудбалерите на Наполи ќе играат во Ријад против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

