Откако очигледно направи грешка со враќањето на Стемфорд Бриџ, сега Ромело Лукаку по секоја цена сака да се врати назад во Интер, каде што имаше импресивни бројки, а му ја донесе и на тимот титулата после долго чекање.
Напаѓачот не се чувствува како значајна фигура во лондонскиот клуб и затоа сака враќање во Интер. Белгиецот поради тоа побарал средба со извршниот директор Марота, за да разговара како е можно да се врати на „Џузепе Меаца“.
Според последните информации, Интер не планира големи инвестиции, па затоа евентуален можен „кам-бек“ е преку позајмица, но притоа играчот ќе мора да ја намали платата и тоа за повеќе од 60%. Во Челси добива 13-14 милиони евра, а Интер не може да му даде повеќе од 6,5 милиони по сезона.
Белгиецот во 2021 година се пресели во Интер за сума од 100 милиони евра. Сезонава постигна 12 гола на 39 меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА