Белгија ќе се сретне со Португалија во еден од најатрактивните натпревари од осминафиналето на Европското првенство. Напаѓачот на Белгијците, Ромелу Лукаку вели дека е воодушевен од Кристијано Роналдо, но дека Португалецот треба да му биде љубоморен.
„Рекордите на Роналдо се неверојатни.. Секоја чест за тоа, особено ако се земе предвид колку има години. Би сакал да ја имам неговата сила на шут и дриблингот, но и покрај се тој би требало да ми биде љубоморен на физичката сила и тоа каква завршница“, вели Лукаку.
Натпреварот меѓу Белгија и Португалија кој ќе се игра во Севилја е закажан за денеска во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА