Ромелу Лукаку, најдобриот голгетер во историјата на белгиската репрезентација откри дека сакал да се повлече од репрезентативните настапи по Европското првенство кое се одржа во Германија минатата година.
Причина за тоа е токсичната атмосфера во соблекувалната и незадоволството кое трае во белгиските редови веќе со години.
„Размислував за заминување по Европското првенство и поразот од Франција. Бев многу фрустриран и му кажав на Јан Вертонген дека веќе го немам тоа чувство. Премногу работи брзо се случија. Но, не можев да ја напуштам мојата држава.
За време на натпреварувањето потполно се концентрирам на екипата. Атмосферата беше токсична, а и не направивме резултат. Не реагирам добро на пораз, но тоа отсекогаш беше моја сила. Морам малку повеќе да се одмарам“, изјави Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА